Стариот Француски Конзулат
Стариот Француски Конзулат
Стариот Француски Конзулат

Стариот Француски Конзулат

Градска Прошетка 376 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Објектот на стариот Францускиот конзулат во Битола се наоѓа на улицата „Кирил и Методиј“ бр. 6, десно од објектот на некогашниот Грчки конзулат. Овој објект се користел од страна на Собранието на Општина Битола и денес е прогласен за објект на културно наследство на Македонија.
Градбата била изградена во 1903 година и била во сопственост на црквата „Св. Димитрија“. Таа и претходно се користела како административен објект, пред таму да се премести Францускиот конзулат. Архитектонската концепција на објектот е комбинација од станбена зграда и објект од јавен карактер. По своите стилски карактеристики, објектот претставува пример на чист француски неокласичен стил од архитектурата на XIX век. Предната фасада на објектот е решена со чисти класични форми со канелирани дорски столбови и балкон на катот во вид на колонада, при што се формира отворена галерија. Фасадата е богато декорирана со профилација околу прозорите како и употреба на керамопластични украси во вид на розети над отворената галерија.
Француското конзуларно претставништво во Битола било отворено во 1854 година. Дипломатски претставник во својство на вицеконзул бил дипломатот Белан. Во 1856 година со француското дипломатско претставништво раководел вицеконзулот Белег де Буга. Меѓутоа, само неколку години по неговото отворање, Франција го затворила конзуларното претставништво во Битола.
Франција повторно отворила дипломатско претставништво во 1895 година, во периодот кога во Битола се шират западноевропските влијанија, меѓу кои и католичката пропаганда. Тогаш вицеконзул бил Макс Шублие, кој пишувал и објавувал вести во врска со Битолскиот Вилает со цел да се дејствува кај француската влада за да преземе соодветни мерки за подобрување на положбата на Македонија и нивното население.
За време на Илинденското востание, кога француското претставништво се преселило во овој објект, вицеконзул бил Еуген Готие. Во 1907 година, претставништвото официјално станало конзулат, а Готие бил назначен за конзул. По неговото повлекување, француски конзул бил Ален Алфонс Џулио, кој таа должност ја имал сѐ до Балканските војни, кога се затворил и Конзулатот.
Денеска, Францускиот конзулат се наоѓа во друга градба, додека пак во овој објект е сместена книжарницата „Букс Хаус“.
Сподели: Facebook Twitter