Куќата на браќата Петровиќ
Куќата на браќата Петровиќ
Куќата на браќата Петровиќ

Куќата на браќата Петровиќ

Градска Прошетка 365 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
На десната страна на реката Драгор, зад објектот на музичкото училиште, се наоѓа куќата на браќата Петровиќ. Куќата има специфична архитектура и е една од ретките градби во Битола изработени во стилот арт деко.
Во 1930-тите, за време на Големата депресија, во Битола пристигнале нови материјали и се применувале нови техники при работата, вклучувајќи хромирање, употреба на нерѓосувачки челик и пластика. Заедно со нив пристигнал и т.н. арт деко, елегантен архитектонски стил што се одликува со форми на закривување и мазни, полирани површини. Арт деко е еден од првите вистински меѓународни стилови, но неговата доминација завршила со почетокот на Втората светска војна и подемот на строго функционалните и неукрасените стилови на модерната архитектура.
Во Битола има неколку интересни објекти кои се истакнуваат со нивната арт деко архитектура, и тоа: американската куќа на ул. „Гаврило Принцип,“ куќата на семејството Петровиќ, куќата на Мачкиќ, Народната банка и др. Станбениот објект на браќата Петровиќ се наоѓа на аголниот дел од две крајдрагорски улици: „Судска“ и „Борка Левата“. Таа има мошне интересна фасадна изведба, високи визбени простории, приземје и еден кат, како и поткровје, кое сѐ уште не е оспособено за живеење. Има седум визби, а на катовите има по шест соби. Куќата располага со вкупна површина од 140 метри квадратни за секој кат и е еден од посовремените станбени објекти.
Објектот бил подигнат во 1937 година, на местото каде претходно имало друг, во кој, според градските преданија, живеел последниот османлиски претседател на градот, Омер Шукри-беј. Тој го напуштил својот дом во 1932 година за 75 илјади динари, дотогаш неверојанто висока цена.
За време на бугарската управа во Втората светска војна, куќата била пренаменета и служела како „Сметната палата“. По Војната објектот бил национализиран и станал станбен простор за престој на офицери на Југословенската народна армија. Куќата на браќата Петровиќ им била вратена на сопствениците во 1953 година, само неколку години по нејзиното национализирање.
Сподели: Facebook Twitter