Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ
Куќата на Ташко Филиповиќ

Куќата на Ташко Филиповиќ

Градска Прошетка 372 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Куќата на Ташко Филиповиќ се наоѓа во центарот на градот, на Широк сокак, наспроти Католичката црква. Некогашниот дом на еден од најпознатите битолски аптекари, денес е објект во кој е сместен хотелот „Сомнија“.
Објектот е дел од еден комплекс од неколку прилепени градби, меѓу кои спаѓаат и куќите на Србиновиќ, Чукалка, Бебека и фурната на Паско. Ќуќата на Ташко Филиповиќ е сместена меѓу куќите на Србиновиќ и Чукалка. Овој објект се состои од приземје и два ката. Има скромна фасадна декорација. Најинтересните орнаменти се наоѓаат токму на врвот на градбата. На двете страни на покривот забележуваме два мермерни покривни орнаменти со биконусна форма, изработени во неокласичен стил. Меѓу нив, во горниот централен дел на фасадата, е сместен диск со монограм (од буквите А и Ф) и годината 1929. Голема е веројатноста буквите да означуваат „Апотека Филиповиќ“, а годината со сигурност ни кажува кога била изградена градбата.
Ташко Филиповиќ бил роден во Битола, некаде на крајот на 19 век. Неговото смејство било во некаква роднинска врска со браќата Манаки. Точни податоци за тоа кога бил роден и каде претходно живеел нема. За него се знае дека студирал фармација на Медицинскиот факултет во Истанбул. Постои еден податок дека тој бил уапсен од српската војска во 1913 година, под обвинение дека бил бугарски соработник. Исто така се знае дека Филиповиќ му бил конкурент на аптекарот Ахил Чаловски, кој бил принуден да ја премести аптеката од едната страна на реката Драгор на другата, поради некакви притисоци од Филиповиќ. Според тоа, може да се претпостави дека Ташко Филиповиќ бил роден околу 1880 година.
Локацијата на неговата прва куќа и аптека не е позната, но можно е таа да се наоѓала некаде во близина на црквата Света Богородица, или, пак, во објектот кој претходно стоел на местото на куќата на Широк сокак. Меѓутоа, претходната градба на местото на куќата на Ташко, била срушена во Првата светска војна. Како и да е, се знае дека денешниот објект тој го изградил во 1929 година и тој служел како негов дом и аптека со простории за преглед и лекување.
Сподели: Facebook Twitter