Ателјето на браќата Манаки
Ателјето на браќата Манаки
Ателјето на браќата Манаки

Ателјето на браќата Манаки

Градска Прошетка 372 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Ателјето на браќата Манаки бил дуќанот во кој браќата фотографирале, ги обработувале и ги продавале своите слики. Ателјето било сместено во објектот кој денес се наоѓа на Широк Сокак бр. 102.
Браќата Манаки потекнувале од гревенското село Авдела, денешна Република Грција. Постариот брат, Јанаки, бил роден во 1878 година. Уште од мал бил познат по љубовта кон уметноста. Се запишал во средно училиште во Битола, а по завршувањето на образованието, во 1898 година Јанаки се вработил во гимназијата во Јанина како професор по цртање и калиграфија. Истовремено, таму отворил и фотографски дуќан.
Милтон Манаки бил помал и бил роден во 1882 година. Основно училиште завршил во Авдела, а средно запишал во Јанина, но не го завршил. За разлика од Јанаки, Милтон не покажувал интерес кон уметноста и занаетите. Меѓутоа, неговиот брат, по отворањето на ателјето во Јанина, го повикал Милтон да работи како негов асистент. Од овој момент започнала заедничката историја на браќата Манаки.
Во 1905 година, браќата се преселиле во Битола, каде го основале „Ателјето за уметничка фотографија“. Тука тие активно почнале да се занимаваат со фотографијата и кинематографијата, особено по набавувањето на фамозната камера „Биоскоп 300“, која браќата ја купиле од Лондон. На тој начин, браќата Манаки станале првите балкански кинематографери.
Првиот филм кој го снимиле браќата Манаки претставува „Баба Деспина“ од 1905 година. На снимката е прикажана стара сиромашна жена која преди. Секојдневието на балканското население станало главниот мотив на снимките и фотографиите кои ги изработувале браќата. Станале познати како „Браќа на светлината“.
Браќата Манаки биле доста угледни и популарни во периодот пред Првата светска војна. За време на Војната, Милтон бил мобилизиран од српската војска, а нивното ателје било затворено од страна на бугарската. Јанаки бил уапсен од бугарските окупатори во 1916 година и интерниран во Пловдив, Бугарија, додека пак Милтон бил ослободен од српските и се занимавал со трговија со домашни животни и жито.
Во 1919 година, Јанаки бил пуштен од затворот во Пловдив и се вратил во Битола, каде заедно со Милтон го обновиле ателјето. Во 1921 година браќата основале и свое кино, но во текот на 20-тите и 30-тите години почнале да се соочуваат со финансиски проблеми. Во 1936 година, Јанаки се преселил во Солун, каде останал до неговата смрт во 1954 година. Милтон, пак, останал во Битола, каде продолжил да работи и да живее во овој објект сѐ до 1964 година, кога починал на 82 годишна возраст.
Сподели: Facebook Twitter