Германски гробишта
Германски гробишта
Германски гробишта
Германски гробишта
Германски гробишта

Германски гробишта

Знаменитости 416 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Германските гробишта биле изградени како меморијална костурница на германските војници кои загинале во Битолско за време на Првата светска војна. Се наоѓаат на западниот влез на Битола, на ритче над населбата „Девеани“. Во близина на Германските гробишта се и Битолскиот крст и црквата Св. Јован.
Во текот на Првата светска војна, на подрачјето на Македонскиот фронт, германската војска имала околу 30 илјади војници и офицери, дел од кои загинале и биле погребани на разни локации. По Војната, германската држава покажала интерес за собирање на остатоците од нивните војници и нивно погребување во заедничка гробница или спомен-костурница, чија форма требало да се базира на култните традиции од германската историја. Според зачуваните архивски документи, во мај 1930 година германската влада побарала земјиште во Битола, наменето за меморијалната костурница на мртвите германски војници.
Гробиштата се познати под различни имиња. Така тие можат да се сретнат како Тотенборг (Град на мртвите), Германската тврдина на мртвите во Битола, Германски почесен споменик во Битола, додека пак, кај граѓаните најчесто користен термин е „Германски гробишта”.
Спомен-костурницата ја дизајнирал архитектот Роберт Тишлер во 1929-1930 година. Градежните активности започнале во 1932 година под директен надзор на Германската народна унија за грижа за воени гробишта, а инаугурацијата била одржана на 25. октомври 1936 година. Тврдината на мртвите е со цврст кружен ѕид од гранитни блокови, од кои е подигнат и влезниот простор, кој има изглед на кула. Откако се изградил Тотенборгот, бил довезен саркофагот и сместен во средината на комеморативната сала. На мермерниот саркофаг изработени се два натписи, на кои на германски и на македонски јазик пишува „Овде почиваат 3406 германски војници“.
Во 1969 година за првпат била реновирана и конзервирана спомен-костурницата, кога срушени делови од нејзиниот ѕид и мозаик биле реставрирани. Ден-денес, на Денот на народната жалост на германските и на француските гробишта, секоја година се оддава почит за паднатите борци.
Сподели: Facebook Twitter