Магазата
Магазата
Магазата

Магазата

Градска Прошетка 338 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Магазата е камената градба во центарот на градот покрај која некогаш трговците ја пренесувале стоката и со која тргувале во Битола. Магазата е сведок на тоа време на трговија. Таа се наоѓа на плоштадот „Магнолија“ и е објект прогласен за културно наследство на Македонија.
Магазата била изградена некаде во текот на 19 век. Таа е еден од најстарите, сѐ уште постоечки, заштитени магацини за стока во Битола. Изградена е со дебели ѕидови од камен и вар, покрив од камени плочи и оградена е со заштитни решетки.
Потреба за нејзина изградба се јавила на крајот на 18 век, кога во овој дел од градот биле сместени дуќаните и канцелариите на еврејските трговци. Имајќи ги предвид тогашните напади и кражби во Безистенот, Евреите посакале да изградат поцврста градба во која нивната стока ќе биде безбедна. Истовремено било донесено решение објектот да биде изграден од камен, а не од дрво, за да не дојде до пожар или некое друго оштетување.
Магазата го започнала да постои како „берза“ за скапи зачини, а потоа како место за продажба на скапи ткаенини, свила, памук, темјан и смирна, парфеми и слично. Во дворот имало камари со кепенци, а позади магазата имало неколку помали магацини кои исто така биле ѕидани од камен и кои будно ги чувал турскиот аскер. Магазата имала и своја администрација. Таа правела извештаи за стоката што се складира и на производите што ќе се носат на продажба. На почетокот стоката доаѓала од градови и држави како Басра, Каиро, Мароко или Етиопија и оттука се носеле за Белград, Сараево, па и за Виена.
Евреите биле единствените кои имале посебна дозвола од султанот да управуваат со администрацијата, да вршат проверки на квалитетот, да бележат и да даваат наредби каде, како и што ќе се продава. Турците во најголема мера биле задолжени да ја превезуваат стоката и да се грижат за караваните. Тие често работеле и како сејмени (еден вид вооружено обезбедување при пренесувањето, телохранители). За најславни и најквалитетни сејмени биле сметани Албанците.
Овој објект пред неколку години е реконструиран од страна на Министерството за Култура и е адаптиран како уметничка галерија, во која и ден-денес се одржуваат бројни изложби и настани од различен вид и карактер. Сепак, магазата ќе остане запаметена како еден споменик на времето кога Битола била голем трговски центар и како објект кој значително го помагал развојот на градот.
Сподели: Facebook Twitter